Македонија

Заменик-директорот „тресеше“ подружници на Македонски шуми: на кој како му текне доаѓал и си одел

,,Во текот на денешниот ден од моја страна како Заменик Генерален Директор на “Македонски Шуми”, во договор со Генералниот Директор, извршив посета на 5 подружници во периодот од 7 до 15 часот.

Беа посетени подружниците во Куманово, Свети Николе, Штип, Струмица и Радовиш!

Со жалење морам да констатирам дека за двајца од петте раководители на подружниците кои беа посетени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци!

Што ќе се случеше ако посетев 20?
Требаше да казниме 10?
Најверојатно?

Со генералниот мака мачиме да обезбедиме пари за плата и здравство, а во подружниците што?

Затворени врати, празни простории …
Кој како му текне доаѓал, кој како му текне си одел …

Се испостави дека не само денес, туку во изминатиов период во “Македонски Шуми” работеле пред се само оние од кои имале потреба приватните тендераши затоа што мнозинството вработени освен што барале плата, друго и ретко работеле.

На прашањето до раководителите зошто дозволуваат вакво безредие, неработење и хаос, нивниот одговор безмалку како договорено оркестриран звучи “не не слушаат”.

Е сега, да ви го дадам одговорот на ова и тука завршувам.

Знаете ли зошто не ве слушаат?
Не ве слушаат затоа што никогаш во изминативе години како раководители не сте работеле во служба на вработените, туку единствено сте работеле лично за вас и сте биле сервис на еден грст послушници околу вас и на приватните тендераши.

Е тоа е вистината која ја живееме, но, вистината која ќе ја смениме за кратко од денес затоа што дојде раководство кое од претпријатието “Македонски Шуми” ќе направи сервис на граѓаните и вработените, а не фирма за потребите и богатење на еден грст луѓе.

И да не заборавам, одговорност ќе има не само за ова, туку за сѐ и за сите кои во минатото се огрешиле”, напиша Кире Михаилов, заменик гегнерален директор на “Македонски Шуми”.

На почеток