Четири лица фатени со дрога, најмладиот 20-годишен
Од
Објавено на
На 13.07.2024 на плажа во туристичката населба во Долно Дупени, ресенско, полициски службеници од СВР Битола во соработка со полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода А.И.(22) од с.Лешок, тетовско, Д.З.(20) од с.Јанковец, ресенско, М.И.(33) и А.Л.(35), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.