Дисциплинска донесе страв и закани за раководител во Општина Бутел: градоначалникот викна и полиција
“Како градоначалник на општина Бутел сакам да ја известам јасвноста за еден немил настан кој МВР веднаш фуриозно почна да го расчистува”, вели Дарко Костовски и додава:
“Во петокот на 12/07/2024 година по СМС порака две вработени лица во општина Бутел му упатиле закани по живот на високо раководно лице во општината. Несоодветно гневни, двете лица што се заканувале не биле задоволни од дисциплинската постапка која раководното лице ја покренало против нив. Иако пред покренување на дисиплинската постапка три пати биле писмено предупредени за на време да доаѓаат и на време го напуштаат работното место.
Голема благодарност до МВР за фуриозната реакција, со која ги обезбедиле двете лица, и покранле две кривични пријави за кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 144 ст. 2 од КЗ.
Од прв ден како ја превземав позицијата градоначалник на општина Бутел, не толерирам ниту едно врсботено лице да се однесува несоодветно на своето работното место за кое зима плата од граѓаните на општина Бутел.
Старите навики на бандитско однесување се историја, мораме по сите основи да го кренеме реномето на општина Бутел”.