(Видео) Торнадо создаде хаос во САД: Повеќе од 460.000 домаќинства и бизниси без струја
Невремето што предизвика торнада ги погоди Ајова, Илиноис и Индијана, оставајќи повеќе од 460.000 домови и бизниси без струја.
Националната метеоролошка служба потврди дека торнадото паднало во Де Мојн, Ајова, а бурата потоа се преселила на исток во северниот дел на Илиноис, вклучувајќи го и Чикаго, каде што биле издадени повеќе предупредувања за торнадо, ветер и дожд.
Речиси 390.000 домови останаа без струја само во северниот дел на Илиноис, се вели во извештајот.
Во Чикаго рано утринава беше издадено предупредување за поплави.
Невремето синоќа се пресели во Индијана и Мичиген, што предизвика дополнителни предупредувања, вклучително и повеќекратни предупредувања за торнадо во Индијана.
Las sirenas de #tornado suenan en el centro de #Chicago por segunda noche consecutiva.
El servicio meteorológico nacional conformó y alerta que hay 10 tornados en tierra.#Chicago #Illinois#chiwx #ilwx pic.twitter.com/Ci2QWJTmHp
— 𝙈𝙖𝙧𝙞𝙤 𝙈𝙤𝙧𝙖𝙮 (@Mario_Moray) July 16, 2024