Почина професорката д-р Кики Мангова Поњавиќ
,,ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашата почитувана професорка и колешка
ПРОФ. Д-Р КИКИ МАНГОВА ПОЊАВИЌ
редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
на Катедрата за финансово право и финансии
1940 – 2024
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата почитувана и сакана професорка, д-р Кики Мангова Поњавиќ.
Со заминувањето на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, но пред сè ценета колешка и пријателка.
Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Зад себе остави бројни генерации помлади професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.
Посмртните останки на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17.07.2024 година (среда) од 10 – 11 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, пишуваат од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.