Скопје

Од Комунална хигиена се пофалија дека го исчистиле скопскиот плоштад

По куп реакции од граѓаните дека скопскиот плоштад „Македонија“ е валкан, Комунална хигиена испрати фотографии дека вчера го средиле.

,,Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, ЈП Комунална хигиена Скопје изведе активности за машинско и рачно миење на плоштадот Македонија.

Со цел одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на јавните површини, особено во летниот период , ЈП Комунална хигиена Скопје спроведува секојдневно миење на плоштадот Македонија.

Машинското и рачното миење на плоштадот се изведе со автоцистерни. Одржувањето на хигиената се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на пешаци.”, информираат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

To Top