Македонија

По екстремно високите температури, следната седмица ладен бран ќе ја зафати цела Европа

По екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули.

Потпросечни температури следната седмица очекуваме и во поголем дел од регионот, како и во нашата Македонија. Дури во Алпскиот регион е можна и појава на врнежи од снег, особено на највисоките места, и тоа особено кон крајот на овој, како и на самиот почеток на месец август.

Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат и условите за појава на локални временски непогоди.

Локални временски непогоди се очекуваат и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во нашата Македонија.

На почеток