Магазин

(Видео) Отворено Олимпиското село во Париз

Во Париз свечено беше отворено Олимпиското село за претстојните игри, каде ќе престојуваат повеќе од 14.500 спортисти и помошен персонал.

Олимпиското село од 54 хектари, кое се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал.

По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.

Остануваат уште осум дена до почетокот на Олимписките игри, свеченото отворање е закажано за 26 јули во 19 часот и 30 минути. Игрите ќе траат до 11 август.

По ОИ следуваат Параолимписките игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.

To Top