Мицкоски: Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани
Од
Објавено на
,,Во рамки на самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон имавме пријателски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленкович, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатович и членот на претседателството на БиХ, Др. Денис Бечирович.
Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани. Нашите народи имаат потреба од економска, енергетска и инфраструктурна поврзаност а клучен предуслов за тоа е градењето на силна регионална соработка.
Делиме слични вредности и предизвици како регион и тие нé обврзуваат на заедничка кооперативност и комуникација меѓу земјите од Балканот.”, напиша премиерот, Христијан Мицкоски.