Свет

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди Чиле

Силен земјотрес ја погоди Индија

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во четвртокот вечерта го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, на длабочина од 117 километри.

Не е издадено предупредување за цунами, пренесува АП.

Претседателот на Чиле, Габријел Бориќ на платформата Х напиша дека според првичните информации нема извештаи за повредени или поголема материјална штета.

Бориќ рече дека поради земјотресот делови од карпата паднале на автопатот што ги поврзува општините Калама и Токопиља, источно од епицентарот, а во градот Сан Педро де Атакама дошло до прекин на електричната енергија.
Чиле се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“ на Пацификот, каде што се чести земјотресите.

Во 2010 година, 526 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала и цунамито што следеше во Чиле.

To Top