Магазин

Хаос во Париз пред Олимпијадата: Утврдени безбедносни закани, 360 лица ќе бидат депортирани

(Видео) Драма во Париз: Музејот Лувр итно евакуиран, паника по исламистички напад 

Француската влада во неделата навечер, неколку дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз, објави дека се спроведени милион административни истраги и дека 4.355 лица би можеле да претставуваат закана за спортскиот настан.

„Поминавме еден милион административни истраги, што беше целта објавена пред една година“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин за телевизијата Франс 2.

Овие безбедносни истраги беа спроведени за сите лица кои летово на кој било начин ќе учествуваат на Олимписките игри од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.

Станува збор за спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и жители кои живеат во близина на свеченото отворање на Игрите.

При тие истраги било констатирано дека 4.355 лица ќе претставуваат закана и тие биле исклучени.

Точно 880 лица се исклучени поради сомневање за странско мешање, 360 поради „обврската да ја напуштат француската територија, додека 142 се сметаат за закана за националната безбедност“, изјавија за АФП извори блиски до француското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу исклучените има 260 лица регистрирани како радикални исламисти, 186 како ултра левичари и 96 како ултрадесничари, велат овие извори.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе бидат мобилизирани секој ден за обезбедување на Олимписките игри.

To Top