Магазин

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија нова фотографија од престолонаследникот: Младиот принц наполни 11 години

Кенсингтонската палата денеска објави фотографија од принцот Џорџ кој наполни 11 години.

Фотографијата е направена од Кејт Мидлтон на почетокот на овој месец во Виндзор, пишува Sky news.

На црно-белата фотографија се гледа како престолонаследникoт се насмевнува на камерата, облечен во бела кошула и темно сако.

На фотографијата Џорџ носи нараквица за пријателство на левиот зглоб, но палатата Кенсингтон одби да открие кој му ја дал нараквицата на принцот, пренесуваат медиумите.

To Top