Приведен 31-годишник, обвинет за шест кражби
Од
Објавено на
На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче.
Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.