СДСМ: Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто како Мицковски имаат проблем со колената?
Од
Објавено на
По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека до САД морал да лета си бизнис класа поради проблеми со колениците, се огласи опозициската СДСМ.
Тие посочуваат дека премиерот ги признал луксузните патувања, скапите карти од 20.000 евра и бизнис класите платени со пари на граѓаните.
„Но, во исто време Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблеми со колената.
Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто така имаат проблем со колената? Па затоа мора и тие да патуваат со бизнис класа”, прашуваат од СДСМ.