Ристески: Оваа влада го црпи легитимитетот од народот и се формира да го врати достоинството на граѓаните и да ја направи Македонија економски моќна и демократска држава
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески зборуваше на денешната собраниска седница за избор на заменици министри, односно докомплетирање на македонската влада, при што посочи дека ќе даде поддршка за овие компетентни и искусни кадри, секој во својата област.
Тој истакна дека за оваа парламентарно мнозинство и оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ македонските граѓани дадоа консензуална, силна и недвосмислена поддршка.
„Оваа влада го црпи сиот свој легитимитет од народот. Оваа влада не е инсталирана влада, не е влада на партија која ги изгубила изборите, а потоа била на сила донесена на власт за да изврши национални предавства. Оваа влада се формира за да го врати достоинството на македонските граѓани, за да ја направи Македонија силна, горда, економски моќна и демократска држава која повторно ќе биде во рацете на граѓаните на Република Македонија“, рече Ристески.
Тој додаде дека четири години можат да бидат години на промени ако се работи посветено, но и момент на стагнација како што тоа го направија Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ во два наврати.
„Сведоци сме и ние и граѓаните дека во изминатиот период државата како на копче беше исклучена и не функционираа институциите на системот. Во секоја нормална држава, ќе го наведам како за пример, тоа што половина од населението остана без пасоши би се сместило во рубриката „верувале или не“ и за тоа секако некој ќе мораше да понеси одговорност, но тоа не беше случај со криминалците од Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ. Понатаму, цели учебни години учениците ги поминуваа без учебници, децата ни учеа од скрипти и диктирани текстови, коко во пост воена социјалистичка Македонија а не модерна држава која се стреми да биде членка на Европската унија. Немавме ни регистарски таблици, лични карти, сообраќајни книшки, свидителства и сето ова зборува само за едно, криминал, корупција, неспособност, незнаење, неработење“, потенцираше Ристески.
Ристески посочи дека на сето ова веќе му дојде крајот и на со ВМРО-ДПМНЕ на чело на македонската влада ќе дојдат подобри времиња и ќе се врати нормалното функционирање на системот и на државата.