Магазин

Кејт Мидлтон повторно се повлекува од јавноста

Вознемирувачка вест стигна од Лондон, принцезата Кејт Мидлтон повторно се повлекува.

Кејт Мидлтон ги израдува сите кога се појави на Вимблдон, а поддршката што и ја даде публиката предизвика силни емоции кај принцезата.

Според еден инсајдер на Палас, Кејт повторно се повлекува од јавноста за да продолжи со лекувањето.

„Таа нема да мора да биде во центарот на вниманието. Ќе биде со семејството или сама за да заштеди енергија колку што е можно повеќе. Ќе има многу време да се фокусира на нејзиното закрепнување“, вели инсајдерот, според People.

Меѓу другото, принцот и принцезата од Велс деновите ќе ги поминат со своите деца во Норфолк, сите патувања во странство се одложени, а познато е само дека на кратко ќе ги посетат кралот Чарлс и кралицата Камила во Шкотска.

На почеток