Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со лажни обвинувања во интерес на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

,,Измеќарите на ДУИ во СДС продолжуваат да бидат измеќари на оваа партија. Откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, најпогодени од тоа се најдоа токму СДС, кои веднаш со лаги почнаа да го напаѓаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Двоецот Филипче – Заев не само што продолжува да обработува за ДУИ, туку и активно ги поддржува нивните интереси. Додека заедно ја раскрчмуваа Македонија, бизнисот на Дрин, внукот на Ахмети, цветал. Истовремено, цветале и темните бизниси на Заеви, и на нивниот тендер-хирург Филипче, што претставува најголем доказ дека оваа структура која беше поразена, била длабоко заљубена во криминалот и корупцијата.

Ова е уште еден пример за начинот на кој СДС и ДУИ ја држеа Република Македонија како заложник, потоната во корупција и незаконски активности. Наместо да ги прифатат резултатите од изборите и да почнат да работат во интерес на граѓаните, тие продолжуваат да ја користат истата стара тактика на лаги и манипулации, со цел да го одвлечат вниманието од нивните сопствени криминални активности.

ВМРО-ДПМНЕ е цврсто решена да ја води борбата против корупцијата и да ја врати правдата и редот во нашата држава. Граѓаните заслужуваат влада која ќе работи во нивен интерес, а не за личните интереси на неколкумина корумпирани политичари.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To Top