Аеродромот во Франкфурт ги откажа сите летови


Аеродромот во Франкфурт, најпрометниот во Германија, утрово привремено ги прекина летовите поради протести на аеродромот, соопштија аеродромската служба и германската полиција.
Се молат патниците да не доаѓаат на аеродромот и да го проверуваат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромската служба на платформата Х.
„Поради акција на климатски активисти, привремено е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Франкфурт“, изјави портпаролот на германската полиција.
Според информациите од полицијата, неколку демонстранти рано утринава влегле во просториите на аеродромот и почнале да протестираат, јавуваат германските медиуми.
Германскиот аеродром Келн-Бон во средата ги прекина летовите на неколку часа откако климатските активисти се залепија на пистата, додека властите спречија слични акции на другите европски аеродроми.
Активистичката група „Последна генерација“ соопшти дека пет лица се залепиле за асфалтот и објавиле слики од нејзините членови со залепени раце за пистата.
Тие изјавија дека сакаат германската влада да се откаже од договорите за нафта, гас и јаглен до 2030 година.
Групата соопшти дека „слични мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани денеска низ Европа и Северна Америка.
