Македонија

Приведени седум странски државјанки, нелегално работеле и престојувале во државата

На 24/25.07.2024, во периодот од 23.00 часот до 03.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Галате извршиле акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, сопственост на Р.Б.(49) од Гостивар, а со цел пронаоѓање на странски државјани кои илегално престојуваат и работат на подрачјето и на лица кои се бараат по разни основи, присуство во угостителски објекти на малолетници по полноќ, контрола на возила и сл.

При контролата биле приведени сопственикот Р.Б. и Ф.Б.(48) од гостиварски Добридол, кои биле барани по распишана потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. При контролата, исто така, биле приведени 4 странски државјанки од 33 до 49-годишна возраст од Албанија и Косово, кои непријавено престојувале на подрачјето и го злоупотребиле туристичкиот престој.

Во текот на контролата, во друг угостителски објект во Неготино, полошко, биле затекнати и приведени три државјанки на Република Албанија на возраст од 31 до 33 години, кои немале регулиран престој на подрачјето.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка

На почеток