Свет

ЕУ ги тужи Германија и Италија

Европската комисија денеска соопшти дека одлучила да ги тужи Германија и Италија пред Европскиот суд на правдата (ЕСП) за дискриминација на мобилните работници.

Во последните години програми за семејни додатоци се воведени и во Германија и во Италија, но не сите групи работници имаат исти програми, пренесува Ројтерс.

Во Италија, работниците мораа да останат во земјата најмалку две години за да се квалификуваат за бенефицијата, додека во Германија бенефициите беа помали за работниците со деца кои живеат во земјите на Европската унија каде што трошоците за живот беа пониски.

„Еден од основните принципи на ЕУ е да се третираат сите луѓе еднаков без никаква разлика по националност“, се вели во соопштението на Европската комисија.

„Следејќи го овој основен принцип, мобилните работници од ЕУ кои придонесуваат во системот за социјално осигурување на ист начин и плаќаат исти даноци како локалните работници, имаат право на истите бенефиции за социјално осигурување“, се вели во извештајот.

На почеток