(Видео) Што подготвија Французите? Церемонијата на отварањето на Олимписките игри се чува во тајност
Спомениците на Париз – Нотр Дам, Лувр, Музејот Орсеј и реката Сена ќе бидат во срцето на церемонијата на отворање на Олимписките игри и самата церемонија, која ќе биде мешавина од уметност и спорт во француската престолнина, позната како „Град на светлината“, се уште се чува во тајност.
Само десетина луѓе ги знаат деталите за церемонијата, која започнува во 19 часот и 30 минути и ќе трае речиси четири часа.
Од 6.000 до 7.000 спортисти (од вкупно 10.500), кои ги претставуваат земјите-учеснички, ќе продефилираат во 85 чамци на Сена во боите на нивната делегација, од мостот Остерлиц до Ајфеловата кула и Трокадеро.
Околу 3.000 танчери, музичари и актери ќе учествуваат во уметничкиот дел од свеченоста покрај брегот на Сена, како и на мостовите, но и на небото, на патека од шест километри, по која се очекуваат 326.000 гледачи.
Околу 200 костимографи и 300 фризери и шминкери ќе бидат стационирани во соблекувалните на секоја страна од Сена.
Околу 80 џиновски екрани ќе бидат поставени долж бреговите на Сена.
Спектаклот, кој ќе го следат повеќе од милијарда гледачи, ќе содржи, според француското телевизиско здружение France Television, претходно снимени видео секвенци и вметнати во приказната.
Уметничкиот директор на свеченото отворање, Томас Џоли, изјави дека сака да го направи „најголемиот спектакл на светот“ со многу радост, движење и возбуда.
Џоли рече дека не сакал да прави декор кога за него спомениците во Париз се „најубавата сценографија на светот“.
Музиката на церемонијата ги вклучува креациите на музичкиот директор Виктор Ле Ман (Виктор Ле Масне). Тоа ќе биде мешавина од поп, симфониски оркестар, хорови и електронска музика „Френч тач“.
Што се однесува до настапот на пејачката, со месеци се шпекулира дека тоа ќе биде Аја Накамура облечена во Диор, познатата француска куќа на висока мода. Француските медиуми ја споменуваат и канадската пејачка Селин Дион, како и меѓународно познатите ѕвезди Дуа Липа и Лејди Гага.
За свеченото отворање беа создадени 3.000 уникатни костими.
Ниту една од пробите на церемонијата не била одржана на отворено за да не се открие тајната, туку уметниците вежбале во затворени простории, во големи хангари и на други места далеку од очите на јавноста.
Исто така, се уште не е познато кој последен ќе го носи олимпискиот факел во паркот Тилери каде што се наоѓа факелот.
It's the final countdown until the @Paris2024 Olympic Opening Ceremony. ⏳👀
Previous editions have delivered many incredible memories, including… sambas, running through the clouds, and Mr Bean. What are your favourite opening ceremony moments?#Olympics #Paris2024 #LastFive pic.twitter.com/TobxAeud8V
— The Olympic Games (@Olympics) July 25, 2024
The Olympic torch at the Château de Versailles! 🔥🏰
Did you know? The historic venue will host equestrian and modern pentathlon action during #Paris2024.#OlympicTorchRelay | #Paris2024 | @Paris2024 pic.twitter.com/wWB5gMrbSP
— The Olympic Games (@Olympics) July 25, 2024