Македонија

Мицкоски ги посети пилотите и пожарникарите кои учествуваа борбата против повеќедневната огнена стихија

,,Денес се сретнав со храбрите пилоти и пожарникари кои со максимална посветеност и несебичност се вложија во борбата против повеќедневната огнена стихија која зафати делови од Македонија.

Посетувајќи го едно од најзагрозените подрачја од пожарите, планината Серта, со моите соработници можевме лично да се увериме во екстремните напори што ги вложуваат нашите херои за да го заштитат нашето население, имоти и природното богатство. Нивната одлучност и професионалност во овие критични моменти е нешто што ни дава надеж и верба во нашата заедничка сила.

Овие луѓе се вистинските херои на новото време и нивните дела ќе бидат запаметени со длабока почит.

Длабоко сме благодарни за нивната непоколеблива посветеност која е вистински пример за пожртвуваност и патриотизам.

Државата стои зад нив и ќе продолжи да им обезбедува поддршка и ресурси за нивната благородна мисија.

Апелирам до сите граѓани да останат будни и одговорни, да се придржуваат кон препораките на надлежните служби и да ја покажат својата солидарност во овие тешки моменти.

Заедно – сплотени и единствени – можеме да се справиме со секоја криза и да ја заштитиме нашата татковина.

Уште еднаш, голема благодарност до сите пожарникари, пилоти и волонтери кои се на првата линија на фронтот.

Вашата храброст и пожртвуваност ќе останат запаметени и почитувани од целата нација.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

To Top