Свет

(Видео) Скандал: Ердоган му удри шлаканица

На социјалните мрежи беше објавено видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како му удира шлаканица на момче кое му пријде, но не му бакна рака.

Видеото настанало за време на митингот во градот Ризе, а предизвикало гнев кај корисниците на социјалните мрежи, објави Курир.

Момчето било предупредено од луѓето што стоеле околу него, по што се согласило да ја бакне раката на турскиот претседател, кој потоа му дал џепарлак.

Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како физички „казнува“ деца.

Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како удира момче по глава.
Минатата година и тој јавно му удри шлаканица на внукот, но подоцна изјави дека го „помилува“.

На почеток