Свет

Шефот на израелската дипломатија одговори на заканата на Ердоган: Сетете се што се случи со Садам Хусеин

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција може да влезе во Израел како што еднаш влезе во Либија и Нагорно Карабах, му одговори израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.

„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на мрежата Икс.

Да потсетиме дека Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година, а од власт беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и шиитите. Казната била извршена со бесење.

Последната изјава на Ердоган Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година.

За разлика од нејзините западни сојузници и некои арапски земји, Турција не го смета Хамас за терористичка организација. Ердоган постојано ги обвинуваше и напаѓaше Израелците. Така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.

На почеток