Македонија

Приведени двајца крадци во демирхисарско

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец.

За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток