Македонија

Калтрина Зеколи Шаќири ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски

Калтрина Зеколи Шаќири и официјално ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски. Од стапувањето на функцијата, заменик министерката ја изрази својата длабока посветеност да работи максимално и да придонесе за развој на инфраструктурата и врските во нашата земја.

-Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани“, нагласи г-ѓа. Зеколи Шаќири. „Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето на услугите и развојот на проекти кои ќе донесат придобивки достапни за сите”.

Заменик-министерката ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни нејзините должности, тесно соработувајќи со тимот и сите заинтересирани страни за постигнување на заедничките цели.

На почеток