Свет

Иран предупреди: Последиците ќе бидат сериозни

Иранската револуционерна Гарда: Израел ќе плати за убиството на командантот Реза

Секој можен израелски напад врз Либан ќе има сериозни последици за Израел, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон.

„Секој можен израелски напад врз Либан ќе има сериозни последици за Израел“, рече Пезешкијан, објавија иранските државни медиуми.

Во разговорот со Макрон тој посочи дека Иран е подготвен да ги подобри односите со Франција врз основа на взаемна доверба.

Израелските власти ја обвинија либанската милитантна група Хезболах за ракетен напад на фудбалско игралиште во окупираната Голанска висорамнина во кој загинаа 12 деца и ветија жесток одговор.

Хезболах негираше каква било одговорност за нападот.
Во неделата Макрон разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави француското претседателство, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се вели дека Макрон го потсетил Нетанјаху дека Франција е целосно посветена да направи „се за да избегне нова ескалација во регионот со пренесување пораки до сите страни вклучени во конфликтот“.

На почеток