Свет

Тотален хаос на Блискиот Исток: Лидерите на Хамас во шок, Иран испрати застрашувачка закана

Иран „ќе го брани својот територијален интегритет, достоинство, чест и гордост и ќе ги натера терористите окупатори да жалат за нивниот кукавички чин“ за убиство на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, изјави во средата претседателот Масуд Пезешкијан.

Тој не даде детали во својата изјава, која ја пренесоа иранските медиуми.

Пезешкијан во вторникот пред парламентот положи заклетва како деветти претседател на Исламската Република Иран.

Врховниот лидер Али Хамнеи рече дека одмаздата за убиството на лидерот на Хамас е „должност на Техеран“, бидејќи тоа се случило во иранската престолнина.

Тој рече дека Израел си дал причини за „строга казна“.

Ханија бил убиен околу два часот по полноќ во средата, објавија иранските медиуми, додавајќи дека тој престојувал во „специјална резиденција за воени ветерани на северот на Техеран“.

„Во тек е натамошна истрага и нејзините резултати ќе бидат објавени наскоро“, додаваат државните медиуми.

Би-би-си наведува дека Ханија во последните шест години престојувал 10 до 15 пати во Техеран и дека очигледно таму се чувствувал безбедно. Исто така, дописникот на Би-Би-Си контактирал со лидерите на Хамас кои му признале дека се во состојба на шок.

На почеток