Свет

20 повредени во сообраќајка во Србија: Се преврте уште едно комбе полно со мигранти

Почина бремена жена во Србија, семејство слета во кањон длабок 100 метри

Комбе со странски регистарски таблички се преврте на автопатот Пирот-Ниш кај Бела Паланка, во кое имало 32 мигранти, потврдија во Полициската управа Пирот. Дваесет мигранти се згрижени во Пиротската болница, а потешко повредените се испратени во КЦ Ниш.

Засега не е позната причината за превртувањето на комбето со мигранти на автопатот кај Бела Паланка, а истрагата е во тек.

Дваесет мигранти се пренесени во болницата Пирот, а потешко повредените во УКЦ Ниш.

Според информациите од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, примени се три лица. Едниот е со повреди на лицето со фрактура на коска на образ и синус, фрактура на бутната коска, вториот има површни повреди на телото, а третиот има повреди на лицето и главата, рацете и колената.

Возилата кои се движат во правец на Ниш се пренасочуваат на клучката Пирот-Исток, на главниот пат.

Ова е второ превртување на комбе со мигранти кај Бела Паланка за неколку дена. На истиот потег на 26 јули се преврте комбе со 50 мигранти, од кои триесет беа повредени.

На почеток