Македонија

Средба на заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија Н.Е. Денион Мејдани

Денеска (07.08.2024) заменик министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, д-р Астрит Исени оствари работна средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија Н.Е. Денион Мејдани.

На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на билатералната и оперативна меѓународна соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Албанија, изразена, меѓу другото преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка, подобрувањето на меѓународните билатерални односи и продлабочување на прекуграничната соработка.

На почеток