Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за Судскиот совет и судијата кој дозволи бегство на Рамадани, тоа се истите луѓе од мафијашкиот картел СДС-ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: 365 дена, 365 скандали на власта на ДУИ и СДС, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

,,Потребна е одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани.

Потребна е одговорност и на Судскиот совет кој дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ. Тоа се истите луѓе кои го штитат криминалот на картелот кој го внесе на тие позиции.

Сега е и јасно, зошто СДС не се огради од криминалот на струмичкиот судија Наќе Георгиев, кој од обичен судија стана Врховен судија и призна вина за барање на мито?

Зошто ДУИ не се огради од криминалот на Иџет Мемети член на Судскиот совет кој призна вина за барање на мито?

Сега е и јасно зошто ДУИ и СДС се против распуштањето на Судскиот совет.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток