Хамас го отфрли предлогот за ослободување на заложниците, го обвинува Нетанјаху
Палестинскиот Хамас го отфрли последниот предлог за решавање на прашањето за заложниците за кој се разговараше во Доха изминатиот викенд и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за поставување нови пречки во разговорите.
Палестинската милитантна група во соопштение рече дека Нетанјаху „наметнува нови услови и барања“ со цел да ги фрустрира преговорите и да ја продолжи војната во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во соопштението се вели дека последниот предлог поддржан од САД е усогласен со барањата на Израел и укажува на инсистирање ИД да остане во коридорот Филаделфија, преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет и коридорот Нецарим.
Хамас го обвинува Нетанјаху и за воведувањето нови услови околу ослободувањето на затворениците.
„Ние сметаме дека Нетанјаху е целосно одговорен за спречувањето на напорите на посредниците и попречувањето на договорот“, рече Хамас, додавајќи дека израелскиот премиер е одговорен за животите на заложниците кои ги држеше Хамас.