Почина Вера Ќосевска една од најзначајните архитекти во земјава


Изминатиов викенд на 95-годишна возраст почина Вера Ќосевска една од најзначајните архитекти во земјава.
Таа е родена 1929 година во Осијек, Хрватска. Со архитектура и градежништво се запознава уште во детството.
Основно образование завршила во Осијек, а гимназија учела во Загреб и Белград, каде завршила 1948, а истата година се запишала на Архитектонски факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала во 1953 со одличен успех.
Меѓу нејзините познајчајни дела во плодната карира е објектот на Театарот на народности во Скопје, денешен Албански театар и на Гинекологија Чаир. Таа беше една од главните архитекти ангажирани за изградбата на Градскиот ѕид на Скопје.
Ќосевска е авторка на објектите Полициска станица Гази Баба, на Болниците во Струмица и во Куманово, на Противпожарен дом во Скопје, Фабриката „Мирка Гинова“ во Скопје.
