Македонија

СДСМ: Проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на нашиот мандат

,,Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ.

Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн.

После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните.

Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници.

Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми.

На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.

Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза. За жал процесот не е комплетиран до крај.

За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови.”, велат од СДСМ.

На почеток