ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да внимава за што држи пресконференции да не се извинува повторно
,,Кузеска добро да се информира пред да излегува на пресконференции, за да не се извинува повторно, откако ќе се фати во лагите. Хаосот по улиците е предизвикан од СДС и Спасовски, кои 8 години дозволија безредие.
Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши, се крадеше муниција од полициски објекти.
Криминалците се осилија во времето на Спасовски. Сега владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да воспостави брзо и ефикасно ред на улиците. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, зошто сега за разлика од порано се постапува веднаш, и веднаш има уапсени.
Во време на СДС ниту еден убиец не е фатен, десетици нерасчистени убиства стојат на контото на СДС, кои наместо да го гонат криминалците се сојузија со нив.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.