Славески: Владата е подготвена дел од средствата да ги префрли на ЈСП Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, по денешната координација на оветничките групи на Град Скопје изјави дека градоначалничката Арсовска била со тим, каде биле директорите на три јавни претпријатија, на ЈСП Скопје, на Паркови и зеленило и на Комунална хигиена Скопје.
За нив хендикеп било тоа што на двете јавни препријатија Комунална хигиена Скопје и Паркови и зеленило директорите се нови.
,,Не можеме од нив да очекуваме да дадат некои конкретни одговори на прашањата.”, вели Славески
,,Кога се работи на јавниот превоз во Скопје, факт е дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк на град Скопје, но исто така е факт дека добар дел од возниот парк на ЈСП Скопје е нефункционален. Владата е подготвена дел од средставата кои што стојат не искористени наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје, да ги префрли на ЈСП Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси кои што не се во функција. Според директотор дури 30 автобуси би можеле да бидат рехабилитирани.”, рече Славески.
Славески се надева дека ќе дојде до зголемување на бројот на автобусите за 1ви септември и за 1ви октомври за да може јавниот превоз да функционира.