Голем пожар во Нови Сад: Неколку лица загинаа, се стравува дека меѓу нив има и деца, потрагата се уште трае
Од
Објавено на
Во пожарот што избувна синоќа во населбата Салајка во Нови Сад, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загинаа неколку лица, соопштија за Танјуг од Новосадската Итна помош.
Според првичните информации, можно е меѓу жртвите да има и малолетници.
„Брзата помош интервенираше околу 2 часа и 54 минути. Немаме информации колку луѓе загинале, бидејќи е тешко да се утврди“, изјави за Танјуг Зоран Круљ, портпарол на итната помош.
Истрагата се уште е во тек.