Македонија

,,Бисера Антоанета, ексминистерката за култура, на државна сметка купувала плишани мечиња, хулахопки, топки”, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ започна серијал прес конференции„Бисера Антоанета“, на кои велат, ќе објавуваат скандали за аздисаноста во раскошот на власта на СДС.

Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура од СДС е новата “Марија Антоанета”, преку нејзиниот начин на трошење ќе можат граѓаните да заклучат зошто зборуваме за ограбена држава.

Миле Лефков, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за трошење на народни пари при посета во Лондон.

„Денес ќе го презентираме првиот случај. Имено во октомври 2023 година министерката Бисера Антоанета остварила службено патување во Лондон во траење од 4 дена и тоа од 24.10.2023 до 27.10.2023 година, покрај трошоците направени за хотелско сместување, во патниот налог има приложено сметки за репрезентација, но при уводот на содржината на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картица ВИЗА, се констатира ненаменско трошење на буџетски средства спротивно од прописите. Бисера Антоанета потрошила 714 фунти, исклучиво за лични потреби, во Продавницата Gift Galore London потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка – city football и плишено мече – Paddington bear и двете платени од службената картичка ВИЗА.

Шопинг манијата на Бисера Антоанета не запрела тука, туку продолжила и во познатата продавница за куфери Samsonite, каде министерката со средства од Буџетот решила да се поднови со два куфера, еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства.

Нормално за да можеме да ја наречеме Бисера Антоанета, трошењето морало да продолжи, таа со народни пари пазарела во Mарк & Спенсер каде потрошила 42 фунти за чорапи и хулахопки платени во кеш од службените парични сретства.

Во GIFT BOX во Лондон, продавница за подароци потрошени се 146 евра од службената картичка ВИЗА. За ова трошење нема доставена никаква сметка, туку само слипот од платежната картичка. Исто така, потрошени се 158 фунти платени во кеш од службените парични средства во Warner Bros. Studio Tour London: Harry Potter за подароци како што се ракавици, маички, ташна за милениче, изгубената дијадема и сл.

Сѐ на сѐ, за лични приватни потреби Бисера Антоанета троши 714 фунти или пресметано во денарски парични средства 51.169 илјади денари, за 4 дена во Лондон, пари со кои во Македонија се храни цел месец едно 4 члено семејство.

Бисера Антоанета се расфрлала со народните пари, за лични задоволства. Ова е само почеток, во наредните неколку дена ќе покажеме до каде одела раскалашеноста на Бисера Антоанета и зошто велиме дека Македонија е ограбена држава”, рече Лефков.
рече Лефков.

На почеток