Три лица загинаа, пет се повредени во рускиот напад на Украина


Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени во големиот руски напад утринава со ракети и беспилотни летала врз Украина.
Градоначалникот на Луцк, Ихор Полишчук, изјави дека едно лице загинало во тој град кога била погодена петкатна станбена зграда, пренесува Униан.
Шефот на регионалната управа на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека во рускиот напад во таа област е убиено едно лице.
Едно лице загина во областа Днепропетровск, а поради нападот избувнаа неколку пожари, соопштија регионалните власти.
Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина во 6 часот по локално време, а силни експлозии се слушнаа во Киев, Харков, Одеса, Виница, Запорожје, Кременчук, Днипро, Хмелницки, Кривји Рих, Кропивницки и други украински градови.
