Пронајдена дрога кај шест лица во Скопје, еден од нив малолетен


Денеска (26.08.2024) во 00.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.08.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.08.2024 во 08.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(20) од Косово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.08.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(46) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.08.2024 во 13.55 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.08.2024 во 12.50 часот во с.Глумово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
