Скопје

Возач од скопско вршел јавен превоз без лиценца, без возачка дозвола

Денеска (26.08.2024) околу 12.25 часот во с.Кучевиште, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(33) од с.Сингелиќ, скопско. При контролата било утврдено дека возилото не поседува лиценца за јавен превоз и дека му е истечена важноста на тахографскиот уред, пак возачот не поседувал возачка дозвола.

На возачот му е издаден записник за констатиран прекршок по член .225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од Државниот инспекторат за транспорт дополнително ќе му биде изречена глоба за истечена важност на тахографскиот уред и непоседување лиценца.

На почеток