Свет

Русите погодиле во хотел во Украина, целосно е уништен

Русија изврши неколку бранови ракетни и напади со беспилотни летала во текот на ноќта насочени кон Киев и други региони, соопшти украинската војска рано утринава, еден ден по најголемиот таков напад на Москва. За време на ноќниот напад загинаа најмалку четири лица, пишува Би-Би-Си.

Меѓу метите бил и хотелот „Аурора“ во градот Кривиј Рих, кој бил целосно уништен. Руските сили истрелe балистичка ракета кон него. Во нападот загинале најмалку две лица, а пет биле повредени. Спасувачите ги пребаруваат урнатините за да најдат дополнителни жртви.

На почеток