Се огласи Ѓоковиќ по победата и испрати кратка порака

Од
Објавено на

Новак Ѓоковиќ го совлада Раду Албот во првото коло на УС Опен (6:2, 6:2, 6:4) и по мечот се огласи и испрати кратка порака.
Ѓоковиќ со овој триумф стана играчот со најмногу победи на стадионот „Артур Еш“, централниот терен на УС Опен.
По победата се огласи на Инстаграм.
„Одлично е што се вратив на Еш. Многу посебно место за мене. Второ коло, одиме“, изјави Ѓоковиќ.
Новак во второто коло ќе игра против уште еден српски тенисер – Ласл Џере. Натпреварот ќе се игра во среда навечер или во ноќта од среда кон четврток. Датумот се уште не е познат.
