Свет

(Видео) Драма во Сингапур: Огромен воен брод потона откако удри во „нешто“ под вода

Кралската малезиска морнарица потврди дека 39 членови на екипажот се спасени по драмата во близина на каналот Сингапур, каде патролен брод тежок 260 тони ненадејно потона под мистериозни околности.

Според официјалниот извештај, бродот К.Д.

Екипите не успеале да ја спречат поплавата, која брзо се проширила.

На социјалната мрежа Х се појавија голем број видеа од настанот.

Ова се должи на многу невообичаените околности што доведоа до потонувањето на бродот, особено ако се земе предвид фактот дека бродот, дизајниран за морнарицата, е изграден да издржи штета што цивилните бродови можеби нема да можат да ги издржат. Имено, морнарицата се сомнева дека бродот удрил во подводен објект, пренесува Јутарњи.

Министерот за одбрана Датук Сери Мохамед Калед Нурдин во понеделникот го информираше малезискиот весник Стар дека владата ќе ги преземе сите мерки за да открие што се случило, нагласувајќи дека потонувањето секако не е предизвикано од староста на бродот.

На почеток