Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За каква разочарност говори СДС, по само 2 месеци нова власт, кога тие за 4 години го зголемија долгот за 4 милијарди и направија двоцифрена инфлација за 200 посто поскапи цени

,,Серијата беиздејни прес-конференции продолжуваат.

Подобро да не дрзат прес-конференции отколку да држат набрзана напишани безлични пресови со кои излегуваат смешни пред целата јавност.

СДС за каква разочараност говори по само 2 месеци нова власт, откако претходно долгот на државата го зголеми за 4 милијарди евра, а со двоцифрена инфлација ги поскапе цените за 200 посто.

Прашањето е што изградија за парите со кои се задолжија и зошто ниту еден граѓанин не ги почуствува парите за кои тие се задолжуваа.

Одговорот е дека тие завршуваа во приватни џебови.

За само 2 месеци нова власт се покачуваат пензиите за 5 илјади денари, а просветните работници од март ќе го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат.

Тоа е разликата која граѓаните ја чуствуваат.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток