Некатегоризирани

Јане Петков изведе неверојатна атракција под вода во Охридското Езеро

Во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај месноста Сараиште беше изведена неверојатна атракција под вода од страна на Јане Петков, „човекот амфибија“ од Бугарија.

Седумдесетгодишниот Петков, во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на дното успеа за 3 минути да се ослободи и да излезе на површината, без никакви помагала, по примерот на светски познатиот илузионист Хари Худини. Бројните присутни охриѓани и гости не го криеја своето воодушевување од подвигот на Петков.

Овој необичен и атрактивен настан се реализираше во рамки на Ohrid Water Festival.

На почеток