Свет

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Ел Салвадор

Почувствуван земјотрес во Тетово и вo Гостивар, епицентарот во Албанија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Ел Салвадор, соопшти Американскиот геолошки институт, но во првите извештаи не се спомнуваат можни жртви или материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, 60 километри југо-југозападно од салвадорскиот град Ла Либертад на длабочина од 33,9 километри, соопшти USGS. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) исто така ја процени јачината на 6,1 степени.

Очевидци изјавија за Ројтерс дека го почувствувале земјотресот во главниот град Сан Салвадор, како и во соседна Гватемала. Агенциите за катастрофи на двете земји соопштија дека го следат развојот на настаните по земјотресот и дека ќе пријават каква било штета.

На почеток