Македонија

Изгаснати 33 пожари во изминатото деноноќие, 5 се сѐ уште активни

,,Во текот на вчерашниот ден, среда, 28.08.2024 година, имаше вкупно 39 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола е 1 и изгаснати се 33.

АКТИВНИ: 5

1. Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);

2. Општина Студеничани 1: над с.Црвена Вода, м.в.Крста (ниска вегетација и нискостеблеста шума);

3. Општина Студеничани 2: с.Љубош – с.Горно Количани (ниска вегетација);

4. Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);

5. Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Каратманово (борова шума).

ПОД КОНТРОЛА: 1

1. Општина Охрид: планина Галичица, Општина Охрид и Општина Ресен (чадење во внатрешноста).

ИЗГАСНАТИ: 33

1. Општина Дебар 1: с.Татар Елевци (мешана дабова шума и сува трева);

2. Општина Дебар 2: с.Могорче (депонија);

3. Општина Дебар 3: м.в.Бошков Мост (дива депонија);

4. Општина Битола 1: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);

5. Општина Битола 2: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);

6. Општина Демир Хисар: с.Сопотница (ѓубриште);

7. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);

8. Општина Теарце: с.Глоѓи (стрништа и сува трева);

9. Општина Желино: с.Мерово (сува трева);

10. Општина Боговиње: с.Жеровјане (сува трева);

11. Општина Врапчиште 1: с.Врановци (ниско стеблеста шума, сува трева, отпад);

12. Општина Врапчиште 2: с.Сенокос (шума и сува трева);

13. Општина Врапчиште 3: с.Градец (сува трева);

14. Општина Гостивар: ул.Боге Вељаноски (сува трева);

15. Општина Маврово-Ростуште: с.Требиште (стрништа и сува трева);

16. Општина Струга 1: с.Драслајца (сува трева);

17. Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);

18. Општина Ѓорче Петров: нас.Ѓорче Петров (сува трева);

19. Општина Бутел: с.Визбегово, Качанички Пат (сува трева и магацина за градежен материјал);

20. Општина Аеродром 1: ул.Трета Македонска Бригада – помеѓу пругите кај Тутунски комбинат (сува трева и монтажни објекти на Македонски железници);

21. Општина Аеродром 2: ул.Трета Македонска Бригада (прагови од пруга и сува трева);

22. Општина Аеродром 3: ул.Трета Македонска Бригада (прагови од пруга и сува трева);

23. Општина Чучер Сандево 1: кај Аеродром Стенковец (сува трева);

24. Општина Чучер Сандеов 2: Качанички пат (стрниште);

25. Општина Чучер Сандево 3: с.Чучер, с.Сандево (ѓубре и сува трева);

26. Општина Сопиште 1: с.Маркова Сушица (мешана вегетација);

27. Општина Сопиште 2: с.Маркова Сушица (дрва);

28. Општина Гази Баба: с.Раштак (ѓубре);

29. Општина Арачиново: с.Орланци (депонија);

30. Општина Ранковце: с.Ранковце (нискостеблеста шума и сува трева);

31. Општина Долнени: с.Средорек – с.Вранче (стрништа и сува трева);

32. Општина Куманово: ул.Октомвриска Револуција (ѓубре и сува трева);

33. Општина Липково: с.Никуштак (стрниште и сува трева).”, информираат од ЦУК.

На почеток