Најмалку 28 загинати во поплавите во Индија: Повеќе од 30.000 луѓе принудени да ги напуштат своите домови
Од
Објавено на
Најмалку 28 лица загинаа во последните три дена во поплавите во западна Индија, соопштија властите.
Реките во Гуџарат, држава на западниот брег на земјата, се излеаа од коритата и повеќе од 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Во акциите на припадниците на итната помош и армијата беа спасени околу 1.850 луѓе.
Властите во Гуџарат соопштија дека 13 лица се удавиле, а други загинале при уривање на куќи.
Околу 1.000 села останаа без струја.
Метеоролошките служби предупредуваат дека во текот на денешниот ден очекуваат обилни дождови.