Свет

Путин му го честиташе роденденот на Лукашенко: Еве што му посака

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе 70-тиот роденден на белорускиот претседател Александар Лукашенко, нагласувајќи дека Лукашенко постојано ги брани интересите на својата земја на меѓународната сцена и дека како претседател на Белорусија се докажал како вистински патриот.

Во честитката објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин наведува дека Лукашенко е мудар политичар, способен да носи „далековидни одлуки дури и во најтешките ситуации“ и дека е тешко да се прецени личниот придонес на Лукашенко во развојот на пријателски Руско-белоруските односи, како и за унапредување на интегративните процеси во евроазиската област, пренесува РИА Новости.

Путин изрази уверување дека заедничките напори на двајцата претседатели ќе продолжат да прават се што е можно за зајакнување на руско-белоруската соработка.

На почеток